II Крводарителска Акција

Втора по ред крводарителска акција организирана од страна на #Твитер заедницата.

Истата е отворена за сите кои сакаат да ја покажат хуманоста и да даруваат крв.

Биди хуман, дарувај и спаси нечиј живот.

Што е крводарителство? Што значи да се дарува крв? Кои се предностите на тоа и уште многу други потребни информации. Кликни тука!

Бенефициите и поволностите кои можете да ги добиете како крводарител. Оние кои веќе се крводарители си ги знаат, а оние кои не се треба да ги знаат. Кликни тука!

Крводарителската акција можете да ја следите на следната официјална facebook страна на Крводарители и на Тwitter на #Крводарители.

About these ads

About Sanja Bezovska

Сања е родена на 11.09.1987 година во Скопје. Дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Целиот свој живот пишува поезија и проза но активно во последните четири години. Во ноември 2011 година за прв пат настапува на поетско читање во Дамар, а потоа и во емисијата ’Свирачиња‘ на радио Канал 103. Веќе наредната недела имаше радио емисија посветена на нејзината поезија и проза. Потоа следат поетските читања во Ла Кања, Менада, Поетското Маркукуле во Прилеп, Кафе Љубов, Парадокс кафе, Поетското читање на Асоцијацијата Јадро: Оправдано присутни и искуства на слободата,… Учествува и на конкурсот за печатење книга од ГЕМ Центарот во Менада со насловот ’Приказни со почетоци и краеви‘ а исто така и на работилницата за креативно пишување со професорот Ричард Беренгартен на ПЕН Центарот. При учеството на конкурсот за поезија по повод светскиот ден на книгата во 2011 во домот на културата ’Илинден‘ во Демир Хисар таа освојува специјална награда за песната ’Нејзиното име е прегратка‘. Поезијата најчесто ја објавува на нејзиниот блог и на нејзината фан страна на Facebook, а од неодамна повторно пишува и на нејзиниот друг блог каде што не пишува под псевдоним туку под нејзиното вистинско име и презиме. Најчеста инспирација и се љубовта, животот, луѓето,…Тагата, болката и разделбите.. Дел од коментарите напишани од луѓето кои што ја читаат: ’Нејзината младост, нејзината интелегенција е зачудувачка за нејзините години, креативноста и ведрината – разоружуваат. Заразни се! Широката насмевка открива големо срце и чиста и невина душа, а за кого … за птиците-грабливци? Таа се дава себеси безрезервно, искрено и чесно… за да даде, не за да добие! Е сега, ако добие за возврат радост и љубов – па добро, тоа ќе е добро (така вели). Не очекува, но се надева! Љуби, но не бара љубов за возврат! Се смее од срце, но не бара насмевки возвратени… Таа се дава себеси детски!‘ – Ирена Кајајџиева Милевска (поранешен водител на вести на Македонско радио – Радио 2) ’Сентиментални стихови, се гледа дека доаѓаат од душа и се многу искрени, топли и точно знаат каде да допрат. Браво‘ – Игор Поповски дипломиран филолог по Англиски јазик.
This entry was posted in #крводаротели, Блогираме.мк, Божиќ, Црвен Крст, дарување крв, дружби, живот, креативност, нова година, патеписи, поетски читања, празници, роденден, случувања, статии, љубов, Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to II Крводарителска Акција

  1. Pingback: Macedonian Twitter Community Organizes Second Annual Blood Drive · Global Voices

  2. Pingback: Македонската Твитер-заедница организира втора крводарителска акција · Global Voices на македонски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s