Постоиме.

Ги плетеме ли 
минатото,
сегашноста 
и иднината
во плетенка 
со три прамена
или се` е веќе 
одамна доживеано… ?
преживеано… ?
… па сме само сенки безвремени
кои си поигруваат одново и одново…
Како во круг си го цртаме времето,
напред и назад,
по желба,
со мали осцилации во изгледот, 
просторот,
допирот,
линијата…
а сепак основата иста…
чиста…
како првиот пат…
Дали постоиме сега и овде
заради сега и овде, (.?.)
или постоевме некогаш и негде
одамна…
за да се сретнеме сега и овде,
некаде…
на пола пат
сенки безвремени
со мали осцилации
во линијата…
а сепак основата иста….
чиста…
како првиот пат… 
И се` е како првиот пат…
сем она што не е…
Дали? …
Не е ни важно…
Постоиме сега и овде,
од некогаш, 

некаде,
плетенка со три прамена
сплетена…
Постоиме.

One thought on “Постоиме.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s