Исповед: И јас сум убава

Ретко кога се чуствувам убаво, како многу девојки на светов. Си велам ни прва, ни последна. Живеам со комплекс на пониска вредност само поради „неколкуте“ колограми вишок. Ја губам самодовербата. На плажа се покривам со пешкирот, носам шалчиња кои ме прикриваат, честопати се собирам како желка во оклоп, срамејќи се дека на некоја потесна маичка ми се познаваат стомачните мускули. Да, истиот тој стомак го вовлекувам од 4то одделение, кога имав само 11 години, а сега веќе имам 25. Цели 14 години, во обид да изгледам поубаво. Многу пати на интервју не го добивав работното место, зашто не се вклопував во изгледот „манекенка“, а одговарав на пропишаните услови.   Честопати, мојот надворешен изглед беше пресуден и за многу мои љубови да згаснат уште пред да им дадеме шанса да започнат. „Ти си убава, симпатична, добра…ама извини не ме привлекуваат полни девојки“. Последната моја врска заврши баш поради мојот надворешен изглед, заради моите килограми вишок, заради мојата борба со дијабетесот, заради сите успешни и помалку успешни диети, заради промените во расположението, заради се` она што ме прави јас да бидам јас. Добив услов: „Ако не ослабнеш наеднаш наредниве 3-4 месеци, јас без оглед на се` ќе те оставам!“. Не се сеќавам дали во себе или и на тебе ти реков: „Па што не ме оставиш сега?! Зашто да се мачиме толку долго, ако веќе сакаш да ме оставиш?!“. Муабет направен април+3-4 месеци = јуни, јули – време за одмори, плажи, купаќи. Две недели подоцна, крај!

Оди си, не си ме заслужил. Не знаеш да ме цениш како жена, како девојка, како човек. И не само ти, туку и многуте пред и по тебе, кои ми судеа за изгледот, наместо да погледат подалеку од носот.

Често пати слушам: „Треба да ослабнеш, за твое добро. Ајде стегни се малце од малце. Јади повеќе овошје, зеленчук, движи се.“ од пријатели, родители… Ви благодарам што мислите на мене, што се грижите за мене.

Најмногу ми значи подршката од сите вас. Преземав дејствија да си ја подобрам ситуацијата, но сепак ќе речам:

***

И јас сум убава. Мојот надворешен изглед не е одраз на мојата душа, не е одраз на моето знаење, не е одраз на мојата дарба, не е одраз моите успеси, не е одраз на она штого чуствувам и го носам длабоко во себе… Не суди ми по телото, тоа е само рамка на душата!

***

Жените секогаш се и секогаш ќе бидат убави, без разлика на сите траги кои ги црта животот и љубовта на нивното тело! Сакајте ја и ценете ја својата жена!

Инспирирано од: http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17525-vaka-navistina-izgleda-zenskoto-telo-po-poroduvanjeto

7 thoughts on “Исповед: И јас сум убава

  1. Vaka , ne e toa bukvalno kompleks , tuku ednostavno gledash pravilno i tebe ti se dopagja ubavoto telo i znaesh da bidesh samokritichna za da gi priznaesh nedostatocite , seto se uslozhnuva ako se ima i nekoja dopolnitelna bolest koja pridonesuva ushte poveke vo toj pravec ,
    kako prvo prevzemi merki ama nikomu pa ni sama sebe si ne go kazhuvaj toa za da ne napravi teloto odbranben mehanizam i da te machi se dodeka ne go stavash sakaniot zalak vo usta , sekogash toa shto treba da go isfrlish od ishrana kako prvo blagoto sekogash kazhi aj poruchek ke go jadam , poruchek kazhi aj vecher mozhebi ke kasnam , a vecher kazhi aj utre ke kasnam ionaka veche e kasno …
    i ete ti eden den abstinencija od blago , ako nekoj od domashnite ili prijateli te prashat na dieta si? maaa neeee koja dieta , mene toa ne mi treba ! toa e prviot chekor da go izlazhesh sopstveniot mozok koj ke reagira odbranbeno na tvoja solucija za dieta ako javno priznaesh plashejki deka nema da ima rezervi i naprotiv namesto dijeta ti dobivash ushte pogolem apetit…
    sega vtora rabota treba da se odredish vo nekoja teretana so trener i da mu rechesh sakam da go oblikuvam teloto ( pazi ne da oslabnam toa ne smeesh da go kazhesh) kolku meseci ke treba da dobijam priblizhen ramen stomak i butkite da ne mi se trijat ? ke ti reche na primer za 6 meseci , e tie meseci ke gi izdrzhish bez zbor da kazhesh shto ke ti gi pokazhe vezbite , ako denes ti reche 20 pati ti dodaj od sebe ushte 5 , dokolku ne mozhesh da izdrzhish pogledni gi okolu tebe i vikaj si vo sebe ,,moram i jas da go napravam kako niv,, sekogash vezhbaj so omilena muzika i bidi pozitivna i nikogash da nekazhesh ,,ova ne mozham,, , ako te sretnat nekoi prijateli ili domashnite od teretana kako izleguvash i te prashat dali si reshila da oslabnesh , go znaesh odgovorot ke rechesh , maaaa neeee jas onaka za kondicija ….
    veruvaj mi teloto ke go odobri oslabuvanjeto iako sve ke jadesh osven blago i za 6 meseca ke bidesh zadovolna shto ke vidish na ogledaloto kako shto ti e i nazivot na samiot blog🙂 …
    greshkata ti e shto davash smetka na site i se optovaruvash deka morash da oslabnesh da morash da ne jadesh so shto teloto pravi odbranben sistem za talozhenje novi naslagi za rezerva ,
    isto kako so cigarite , site koi vikaat deka od utre veke ne ke pushat ili ke namalat cigari teloto poradi zavisnost vednash pravi napor za prezasituvanje so nikotin so shto veruvaj sledniot den chovekot duplo ke ispushi cigari…
    inaku nemoj da te fakja depresija , da da toa tvoe priznavanje deka i taka si ubava samo si go priznavash porazot ne za drugi ili za okolinata draga moja , tuku za sebe TI da bidesh zadovolna od svojot look sega koga si vo toj mladalashki trend inaku pokasno nitu ne e tolku vazhno osven od zdravstvena gledna tochka …
    pozdrav ,

  2. Размислував за ова што го рече Би, кога не размислуваш што правиш и колку правиш, полесно иде… дури и се изненадуваш… Но, го пишав сето ова горе, за да си олеснам… се изморив… морав да си олеснам… сега идеме само напред…

  3. Ич да не му се секираш најважно е дека знаеш каква си и ја знаеш својата големина како личност. Тие што ти вредат нешто во животот го знаат и тие тоа. Тие што не се за во твојот живот не ти ни требаат да бидат. А за бидувањето фит, самото тоа не е штетно, туку е полезно и тоа од повеќе аспекти. Затоа не е на одмет да се посвети време и на тоа, не за друго, туку баш затоа што можеш.

  4. Го прочитав внимателно текстот и на многу места искрено се пронајдов, видов болови и рани кои едни ми ги нанесоа, а други излечија и можеби повторно нанесоа. Надворешниот изглед, гледањето почесто/поретко, рчењето или пак било што ( веќе тресам од ракав ) е секогаш причина за еден раскин на врска или пак не почнување на нова, но вистинската причина не лежи зад тие лажни зборови и призвуци на твојата несовршеност, но зад проблемот на себе непочитувањето и гледањето на слабостите на другиот, кои впрочем се наша слабост, но секогаш е побезболно да ги накалемиме на другиот, зарем не? Ми текнува еднаш вишокот килограми беше „причина“ што заврши една моја врска, но веќе во следниот миг дознав дека во таа врска немало вистинска љубов и вистинското име на причината не биле килограмите, но сосема друга личност и авантура со истата. Оној кој вистински те сакал, те сака и ќе те сака, зарем некогаш би те оставил, посебно ради килограмите? Зарем љубовта гледа со очи или пак размислува со ум? Причината да љубиш нема… едноставно е, го сакаш човека со сите негови добри и лоши страни, бидејќи покрај него си целосен. Да, здравстевно гледано секогаш е подобра тежината да биде во нормала, но ете, не секој го постигнува и го може тоа… Но, доколку искрени бидеме и признаеме пред себе оти сме со човека не оти е слаб или дебел, но оти го сакаме и не можеме без него, зарем би ни сметала дебелината или пак претераната слабост? Зарем различното мислење околу политика, религија и слично би била вистинска причина за да не си со него/а или пак љубовта на начин само својствен на неа би анулирал се? Љубовта е благослов, не барај ја оној кој не е спремен истото да го даде. Впрочем, ако научиме вистински да се сакаме и прифатиме, ќе не прифати и целиот свет, затоа само напред. Душата и срцето се најбитни пред се, оти со текот на времето, телото – нашата гордост, станува една грамада која повеќе ја губи својата убавина поради староста и станува паметник на нешто кое порано беше.

  5. Toj so ti postavuval uslovi za toa da oslabnes za neznam tamu kolku vreme ne ti treba i ne te zasluzuva…ako ne saka mislam deka nema da mu precat ni kilogramite ni nisto tuka treba te saka i pocituva…najbitna e cistinata vo dusata i srceto…pozdrav

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s