Часовите.

Часовите секогаш стоеја меѓу нас. Твоите часови со него. И моите часови без тебе. Знаеше некогаш тивко, некогаш бурно да минеш низ надворешната врата. Некогаш го најавуваше своето заминување, некогаш ме оставаше сама во постелата, со помислата дека спијам.
~
Се враќаше со туѓ мирис на себе. Со туѓа среќа во очите. Со туѓа љубов во срцето. Таму повеќе немаше место за мене. Таму повеќе не постоев. Некој толку успешно ме избриша како лошо сеќавање…иако до пред неколку часа ја делевме постелата. Знам посилно беше од тебе…
~
Секој мирис ти го знам. Секој звук во тишината, секој мир и немир во душата. Толку добро научив да те чуствувам, што заборавив какво е чуството да се чуствуваш сам себе. Не се чуствував. Позајмив од твоите емоции во обид за да те разберам. Кога ми се лутеше, си се лутев сама на себе.
~
Заминував. Заминував како непоканет гостин. Солзи ми навираа од очите, додека од твоите искреше некоја чудна омраза, бес. Да можеа да проговорат сигурно би рекле: „Што по ѓаволите, ти сеуште бараш овде?“. Да можев да ти одговорам и да можеше да ме чуеш, ќе ти речев: „Те чекав да се вратиш…“. Зашто…

Не е важно каде си тргнал

ниту каде чекориш

каде живееш

кои патишта ги одиш

каде заминуваш…

Важно е кому имаш да се вратиш…

„Целосна“

 
А јас…немав кому да се вратам во туѓ град…освен тебе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s