Крила…

Ти беше птица која сакав
да ја чувам во прегратки,
близу срцето,
да ме топлиш,
да те топлам,
да ти ги галам крилата,
да ти ја допирам слободата,
да ти припаѓам…
Сакав да бидеш гулаб на сите гулаби,
но под моето небо…
И така еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање…
А твоето вистинско време не беше сеуште дојдено,
твоето вистинско време не беше подготвено
да го погледнеш во очи,
да го видиш вистинскиот одраз…
*
Прераното замавнување со крилата
може да ги скрши на пола пат до целта…
*
Ти твоите ги сечеш со ножици,
звуци на болно кршење.
Еден пердув пораснал,
скрати го,
напиши роман со него и
побегни од себе.
Сеуште бегаш.
Сеуште ме мразиш.
Сеуште порекнуваш зашто се коси
со туѓите правила за твојот живот.
***
Не требаше да одлеташ.
Ти требав.
Ти требав за да научиш да леташ.
Постојано да леташ.
Константно.
Не повремено,
по навика без одлика на живот,
без одлика на среќа,
туку низ магловити денови
и зачадени ноќи…
***
И така, еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање…

 

“Ако човекот кој го сакаме, сака некој друг…не треба да го задржуваме.”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s