„За сите мои краеви“ – Александар Крстев

Промоцијата на книгата “За сите мои краеви“ од Александар Крстев ќе се одржи во сабота на 13.07.2013 година во НУ „Центар за култура“ – Битола (мала сала) во 20 часот. Повелете на убава дружба со пишаниот збор…

Александар за своето првенче ќе рече: „(збирка поеми за животот, љубовта и ред други не „толку“ битни работи…)“. И не ќе погреши.

„Велат… сакај без разлика дали ти е возвратено. Но љубовта е сега и тука. Да, ќе те сакам и утре, но ми недостигаш денес.“ – А.К.

„Имам прашање знаеш…. и тоа не од оние на кои ми одговараш со да или не, ниту пак од таквите со прикриено значење. Едноставно, колку боли кога ме љубиш? Уште повеќе… планираш за долго тоа да не си го признаеш?

п.с. искрено, не сакам одговор. подобро уште еднаш кажи ми во лице „глуп си“, а во срце прошепоти „те сакам, сè уште“….“ – А.К.

Leave a comment