Доријан Греј спиеше во мојот кревет

Jас ја купував љубовта на рати. Секој збор. Секој допир. Секое парче нежност. Се` си купував на рати.

Заслужи, па ќе добиеш. Имавме некој таков реципрочен однос, кој никогаш не ме задоволи целосно. Секогаш имаше нешто што ми недостасува, нешто што ми фали, некоја трошка…Ама така добро ќе ми запнеше во грло, ќе ме задушеше, што се прашував: Каде грешам? Секогаш, одново истото прашање, некаде одговор, некаде реторика. Колку и да не си признавав, си ја купував љубовта. А љубов е љубов ако ја купиш? Јас се плашев од збогувања, а ти уживаше во игрите. Денес една, утре сосема друга, задутре…не те препознавав.

И како можев да те препознаам, кога не успеав ни да те запознаам. Штом наближам кон тебе подлабоко, ете си повторно спремен за пат, што подалеку од мене. Збогум, за повторна средба. Додека ми минат сите сеќавања и прашања без одоговор во главава, па да се вплеткам во сите јазли, јажиња и ортоми… И ете си тогаш, повторно тука. Насмевка, неодолив шарм, нова улога, ново руво, истиот волк. Јас офца. Самата си ги обесив сите ортоми околу врат, за да си пресудам на веќе виденото. Незнам зашто очекував дека „овој пат ќе е поинаку“.

Нема што да биде поинаку, ние не сме деца кои допрва учат да одат. Ние сме личности, такви сме какви што сме и иди па смени не. Кога ќе засадиш дрво, тоа расте, пушта корења. Така и јас и ти. Една врба и еден бор. Едниот жали, другиот боцка.

Имав многу игри на избор, ниедна не ме задоволуваше онолку колку што тебе ти се правеше ќејфот, зашто беа твоја замисла, твоја интрига, очи широко затворени…Јас бев само марионета до твојата цел… Играчка, парталка најдена на улица, која ја претвори во пластелин обликуван по твоја желба…Кој ме прашува мене што јас сакам или не сакам? НИКОЈ. Ти најмалце. Важно секогаш приоритетите на највисоко ниво, пиедесталот спремен, сценографијата со црвени загасени светла… и маестро, поклони се и почни! Така посака одново. Збогум за повторна средба, песна, стих, неодолив шарм, насмевка…

Жалам, овој пат погреши. Не ми ги помати доволно сметките пружајќи само рака за поздрав. Немам ни доволно да си ја купувам љубовта на рати. А љубов е љубов ако ја купиш? Овде завршува се`, ова е „Збогум“. Од овде нема враќање.

29.05.2013

Одамна немало враќање. Само илузија од љубов. Тајни.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s