Здив.

Што ќе ти се моите две очи што копнеат по тебе? Го имаш телово. Задоволи си го нагонот. Исцеди се во мене и сврти се со грбот. Јас и онака деца не ќе родм. Така ми било пишано. Земи ги усниве. Излижи ги. Изџвакај ги. Плукни ми го универзумот во еден здив и насмеј се. Дај му на ѓаволот во тебе да излезе на површина. Смеј се. Знам дека уживаш да ми ја крадеш душата. Уживаш да ми ја крадеш младоста. Моите секунди во твојата вечност и моите врисоци на сите згужвани хартии фрлени покрај креветот. Што ќе ти се моите бакнежи? Ти не знаеш да љубиш. Само вртиш кругови со јазикот во празен простор. Галаксии не се создаваат, а ниту пеперутки не се летаат така. Не научи и не научи! Љубовта е поразлична од сексот, иако се нераздвојни. Некако сексот е „она лошото во доброто“ или обратно… Не е ни важно. И онака што ќе ти се моите две очи? Го имаш телово.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s