Има луѓе…

Денес полнам 26 години. Не дека се многу, ама не се ни малце. Сеуште не сум родена. Имам уште 4 часа и 23 минити. Доцнев на сопственото раѓање. Доцнам цел живот. Секаде. Секогаш си велам има време, ќе стигнам. И секогаш нема време и секогаш доцнам. Навикнаа сите, да не речам отрпнаа. Не сакам да задоцнам за шансата да го кажам ова.
Проживеав многу. Не доволно и не се`. Но има многу нешта кои ми поминаа низ раце. Многу мисли кои ми пролетаа не забележани, од страв што ќе произлезе од нив. Многу луѓе, од кои некои ме заборавија, некои јас ги заборавив. Се` тоа со причина.
Сеуште има толку многу луѓе, толку многу емоции, толку многу зборови што секој пат ми се лепат за срцето како бакнежи. Секој бакнеж – своја приказна. Некои сеуште не раскажани.
Има луѓе кои го извадија најдоброто во мене. Има луѓе кои го разбудија и најлошото во мене. Се обидоа да ме скршат. Успешно. Но, не се предадов. Плачев. Паѓав. Се кревав. Преживував како знаев и умеев. Еве ме, сега повторно се родив. Живеам!
Има луѓе кои ме сакаа само за една вечер. Има луѓе кои ме сакаа за цел живот. И на едните и на другите им благодарам. Ме научија на убавините кои ги носат краткотрајните страсти и долготрајните чуства.
Има луѓе кои имаа две лица. Едно за мене, едно за пред сите останати. Им благодарам и на нив, што ме научија како е да се дружиш со „близнаци“ во еден човек.
Има луѓе кои ми пружија рака кога растев и бев изгубена во светот. Ме сакаа и кога јас не се сакав себе си. Ме научија која е смислата на животот. Има луѓе кои ми подарија многу нови светови. Многу нови доживувавња. Ме научија да го разберам, она што порано не го разбирав. Им благодарам, зашто безценето е чуството кога откриваш, истражуваш… Да почуствуваш со туѓото срце и да погледнеш со туѓите очи.
Има луѓе кои ме инспирираа. Луѓе кои и денес ми се убава инспирација, за љубов, за борба, за не откажување. Луѓе кои веруваат во мене. Има луѓе кои ме подржуваат. Луѓе кои се тука да ме потсетат зашто сум тука, кога сето тоа сама го заборавам.
Има луѓе кои ја препознаа сета тага во очите, покриена со сите насмевки. Зашто очите се` гледаат, но не можат да кажат…
Има луѓе кои ме научија да подадам рака кон тоа што го сакам. Да го посакам животот со полни гради. Да го уживам и живеам. Зашто е ураган кој носи се` со себе. Има луѓе кои ми го претставија светот на поетските души. На оние кои буквите им раскажуваат цели приказни. Има луѓе кои ме научија да застанам позади микрофонот. Наместо песна со мелодија, ме научија да се подарам на светот со глас и мисла која трепери. Им благодарам што ме научија како да дишам во сопствената кожа.
Има луѓе кои ме научија како да се засакам себе, своето тело, својот изглед. Да, и јас сум убава. Има луѓе кои ме научија да се откријам себе. Да се истражувам, да се пронаоѓам. Да освојувам нови предели.
Има луѓе кои ми го покажаа светот низ призма на авантурите. Дека сепак живееме на една тркалезна топка која има места и градови за доживување, ако ја прошеташ пеш. Да, и дека има милион скали да се искачат, ама без откажување. Има луѓе кои ме научија да пијам пиво и кои сфатија дека не е за мене. Им благодарам, зашто светот има милион нијанси.
Има луѓе кои никогаш не те запознале, а сепак ти се поблиски и од роднините. Ги чуствуваш како составен дел од себе. Далечни, а сепак толку блиску до срцето. Им благодарам, светот е побогат со нив.
Има луѓе кои ме враќаат во детството. Кои ме чуваат таму, во сеќавањата. Им благодарам што не ми дозволуваат да пораснам, а и не сакам. Детето секогаш ќе си остане дете, во душата.
Имам сестра која иако толку помала, иако толку различна од мене, секогаш успева одново и одново да ме разнежни, изненади, да ми покаже што ми значи во животот.
Ви благодарам луѓе. Вие сте моето минато, сегашност…за иднината никој не знае… Вие сте мојот живот. Со вас светот е поубаво место. Поубаво место за среќа. Поубаво место за љубов.
Ве сакам
#ОгледалоНаЕднаДуша

Photo by: Kosta Andonov

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s