Вртлог

Се растргнувам на парчиња,
од една страна си го копам срцето,
додека ми отчукува во последни ритмички тактови,
од друга страна си ја корнам душата,
зашто косата сепак ми е помила…
Не можам да поврзам
крај со крај со себе,
во себе бура и олуја,
надвиснале облаци во секакви облици,
само не во вистинско време.
Бреме на сегашноста,
невреме на животот,
се’ повеќе недоверба,
недоразбирања
и непостојаност.
Не желба,
негирана при сама помисла,
што ако и овој пат не успее?
Што ако и овој пат
е погрешна патека за чекорење
и не води до никаде?
Што ако доведе некаде?
Што ако?
Па што ако,
ќе се обидам уште еднаш,
како и секој “последен пат”
после секоја борба и одрекување…
Луѓе доаѓаат и си заминуваат,
поминуваат, оставаат, даваат, земаат и си одат,
среќно ви!
Тоа е тој вртлог кој секогаш
ме враќа на површината!

#ОгледалоНаЕднаДуша

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s