„БРАТ“

Не ми зборувај за љубов. Не ми зборувај за твојата бивша девојка. Не ми зборувај за сериозни муабети, како сакаш да создадеш вредности. Не ми зборувај, зашто ништо од тоа не знаеш. Не знаеш! И ти си ист ко тој пред тебе. И ти си ист ко и сите останати. И не! Не ми кажувај дека генерализирам дека сите машки сте исти, зашто имаше шанса да ми покажеш кој си! На секој човек во мојот живот му пружам шанса да ми се престави, да го запознаам малце повеќе од едно површно „Здраво,како си?“. И не, немаш право да ми се спротиставиш, зашто пред да те ставам во тој кош, ти дадов шанса. И на сите луѓе така. Зашто ги сакам луѓето и не знам поинаку. Ама ме изморивте! Ме измори секој ебан муабет што се сведува на: „Ама знаеш јас не сакам врска, сакам онака лабаво, без обврски… “. Не брат, не сакаш ти лабаво без обврски, сакаш секс. И тоа ги руши сите оние муабети, како ја сакаше и ја љубеше бившата ти девојка, или таа пред неа, или таа уште пред неа, а и моето мислење за тебе. Колку вакви муабети си свртел само за да го добиеш сексот? Не, не сакам да го знам одговорот! Не брат, не си поразличен од сите останати, ист си! Себичњак кој си го задоволува егото, по желба и потреба. И не не ми зборувај за љубов. Да знаеше што е љубов немаше да ја изедначуваш со потребата да си го испразниш тестостеронот од гаќите! И не брат, не ми кажувај дека си вистински маж за во мојот кревет. Не сакам мажлиња што спијат во туѓи кревети. Да имаше муда ќе знаеше што и која сакаш да ја имаш покрај себе, наместо да бегаш на првиот муабет дека сакам врска. Не брат, не сакам да се омажам со тебе! Не барам врска за да ми бидеш или да ти бидам обврска. Сакам врска зашто сакам да ги градам нештата, да ти пружам шанса да те запознаам како човек, да седнеме да пиеме кафе на кеј, да шетаме и да се гушкаме по улица, да го живееме денот, да уживаме во сонцето, да се смееме, да разговараме за се`, да му дадеме нова боја на светот, да си создадеме цел еден свет за нас… Па боже мој, додека трае нека трае… Ништо не е вечно, па ни животов… Не знаеш што носи утрешниот ден, а не ни знаеш дали ќе успееме да стигнеме на патеката нештата да станат сериозни. Може нема да ми се допаѓа како `рчиш и на која страна од креветот сакаш да спиеш. Или можеби нема да ми се допаѓа некое твое размислување, некои твои зборови. Може нема да можеш да се сносиш со мојот луд пмс хормонален период. Може нема да ти се допадне како ја тргам косата на страна или големината на моите гради. Се` се тоа мал милион фактори кои можат да не се совпаднат и едноставно да не бидеме еден за друг. Но, те молам брат, не ми го мотај муабетот: „Абе… Знаеш, ти си фино девојче… Ти си се` супер…но, … Јас сакам да се забавувам… Мислам ако сакаш…“. Епа, не брат, не сакам! И не знам од каде ја голтнавте сите истата касета, па ја џвакате и преџвакувате, како не ви се залеи за желудец? Одвратен си. И ти и многуте други пред тебе, со истата касета и со истите муабети. И не ве сфаќам, како може некоја да ви биде привлечна за секс без обврски, а да не можеш да ја засакаш или да се видиш себе си со нејзе во врска? Е тоа објасни ми го! Навистина, не сфаќам. Или сум јас проста или сами си го отеравме општествово и годините у курац од таквите како тебе?! На здравје нека е! Живели!

П.С. И цело време те викам „БРАТ“, за да еднаш се сетиш, почуствуваш, (а знам дека нема да ти светне сијаличето), дека на мое место може да биде и твојата СЕСТРА! Утре може да биде и твојата ЌЕРКА! И кажи ми „БРАТ“ би и дозволил ли на една од тие две жени да искача со жиголо како тебе?!

113 thoughts on “„БРАТ“

  1. Eve jas ds kazam nesto masko sum i mi se sviga razmisluvanjeto na devojcevo no i zenskite znaat da naprsvat taka .Vo vrska bev eden mesec i potoa mi raskina onaka bez nekoja dovolna pricina se na se za da doznaam deka mu se vratila na bifsiot.Devojceto e bolno denes da ti kaze te sakam a utre da ti kaze raskinuvam.Treba ponezniot pol da se smeni malce za da imame pricina nie maskite da sakame oni treba da ni dadat pricina da ostaneme so nekoja ds ni bide ubavo bez razlika dsli ke setame na kej ili ke sednemw nekade ke pravime muabet ili ednostavno ke imame sex ,no i nie treba da se borime za niv i se drugo samo ke si dojde.I do maskite so vrtat poveke zenski vo momentot ds gi prasam sakat stabilen sex ili sakat so koja ke stignat sto e poubavo ?spored mene poubavo mi e so edna da si teram ds si uzivam da se zapoznavsm da vodam ljubov a ne samo da se ebam od korist🙂
    Pozdrav🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s