Вистинските љубови…

Вистинските љубови немаат век на трање. Вистинските љубови траат вечно. Без оглед на далечината, чуствата остануваат непроменети. Вистинските љубови се читаат во очите на другиот. Го гледаш светот низ неговите зеници, како твои. Вистинските љубови се збогуваат, за да останат токму такви. Безвремени. Безпросторни.
Вистинските љубови болат. Затоа се вистински. Болката прераснува во уште поголема љубов. Во сеќавање на убаво време. Да траат…до некоја наредна средба. До некое наредно соединување. Вистинските љубови не си припаѓаат телесно. Тие си припаѓаат во душата. Љубат други, а чуваат дел од сложувалката за себе…
Колку и да болат ваквите љубови, знаеш дека после нив си побогат за едно несовршено парче среќа…знаеш дека можеш повторно да дадеш…многу повеќе љубов. Вдишуваш длабоко во себе. Му ги вдишуваш солзите, свемирот и го пушташ повторно да замине…
До некоја наредна средба…до некое наредно соединување.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s