Абортирана љубов

Oна што му претходеше на „Брат“

И јас сум една абортирана љубов. Општеството и животот ме абортираа доволно пати да научам дa преживеам и покрај се`. Љубов која згаснува на самиот почеток. Зашто? Зашто нема закон против абортирани љубови. Оние кои ги убиваме или не убиваат уште на самиот почеток. Уште на самиот зачеток, уште на самиот зародиш на чуството со идентификација како пеперутки во лет.

„Раѓањето на пеперутките…

Велат пепрутки имам во стомакот

кога љубовта се раѓа…

Растреперени пеперутки ми се раѓаа

при секој твој тон на музички ноти

завиен во својата стутулена форма

откривајќи го светот…

Велат пеперутките носат

среќа и растрепереност…

Се раѓаат со пролетта,

умираат на зајдисонце,

а пак растреперени во крилата…

Метафорички слободни,

а заробени во времето на својот век,

заробени во своето постоење,

заробени во своето времетраење…

Растреперени пеперутки ми се раѓаа…

Сега растреперено умираат.“

Раѓањето на пеперутките и убиство, зашто некому не си му доволно добар за повеќе од еден секс. А сексот значи живот. Абортиран живот. Страв од среќа. Страв од љубов. Страв да не бидеш повреден. Или едноставно големо количество тестостерон во твоите вени и потечени тестиси кои мораш некаде да ги испразниш. Абортираме секојдневно. Кој го ебе законот. Аборитаме мисли. Абортираме желби. Абортираме живот кој сметаме дека треба да го живееме. Се абортитаме самите себе, иако родителите не создале со толку љубов. Каде сме? Каде одиме? Каде ќе стигнеме вака? Многу абортирани соништа, а ниеден обид да им се дадат крила за полетување. Сите сонуваат за својата голема љубов. За љубов од бајките, за љубов која трае, која создава нов живот… И ете ти ја шансата… Некој/а дечко/девојка се појавува во твојот живот. И наместо да дозволиш ситуацијата постепено да се развива… тестостеронот и адреналинот во твоите гаќи ја абортира љубовта, претворајќи ја во секс. Еве ме и сега во моментов абортирам една љубов и никој не може да ме спречи. Ги абортирам сите чуства што ми се појавија во неколкуве изминати денови. Го земам ножот и си го распарувам стомакот. Подобро е така. Ќе боли еднаш и кратко. Но, ќе остане трага. Уште една линија со ножот на моето тело и рани од допири. Мирис на кожа која посакав да ми го буди утрото. Ќе останеме само како остатоци од недоџвакан оброк, зашто тој се плаши повторно да верува, а јас се плашам дека и тој не е поразличен од многу нагонски страсти. Jа сакаш бившата девојка, а мене (било која жена) ме гледаш како парче месо. Jа сакаш и почитуваш сопствената мајка, и се восхитуваш, а мене (било која жена) ме гледаш како објект. Jа гледаш својата баба како извор на мудрост, а мене (било која жена) како извор на твоето краткотрајно задоволство. И јас пред се` (и било која), сум жена, како твојата бивша девојка, како твојата мајка и како твојата баба или било која жена.

На крај на приказнава ти си само плод на една неабортирана љубов.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s