На мама детската радост

Беше многу одамна, но како да беше денес. Се сеќавам кога мама ги правеше овие прекрасни елкички. Времето беше такво, се снаоѓавме. Но, останаа многу убави спомени.
Ќе отидеше до Центар, во близина на Лондон, во една од првите кинески продавници и ќе си купеше 4-5 елки. Ќе се натовареше со уште толку ќеси со украсни топчиња и лентички. Потоа заедно ќе искочевме до блискиот парк кај стадионот во Чаир да собираме шишарчиња. Иако беше ладно, со мама не го чуствувавме студот. Со песна и игра низ снегот, ги откривавме малите шишарки. Тие поголемите остануваа за иќебаните. Мама не би била мама, ако не ги искористи старите украсни хартии од подароци. Старата елка беше полна со рачно изработени лампинони, од кутии за лекови, од стари упалјачи, тврдо пакувани цигари….Па ни овие маливе и младиве не останаа покуси. Го ангажираше тато да и донесе стиропор од работа. Во коцки, ситно исецкан. Купи специјален силиконски пиштол, златест конец и секое утро и приквечерина се занимаваше со својата љубов. И нас не ангажираше. Сечевме хартија, ленти, обвиткувавме коцки, јас малце помалце успешно…но, се трудев. (дете)
Најчесто се врткав околу фарбањето шишарки. Таму имаше простор за грешки. Помагав и околу редењето, ускладувањето на боите… Како што ни доаѓаа гости, сите си заминуваа воодушевени од практичноста и едноставноста на елките, па мама реши да ги прави по порачка. Не знам, можеби некое нејзино дело го краси и вашиот дом.
Мама одлучи дека денес е ден да се отпакуваат двата куфери со украсни ѕвончиња, венчиња, иќебани и елкички. И пак ја има онаа иста детска радост во очите. Како прв пат да ги допира, како дете со подарок во рацете. Ги милува, ги расклопува, реди и прередува. И секоја година си купува по нешто ново. Нов врв за големата елка, нови сијалички, чаршафче за масата…Венче за на завесата, за на вратата, дедо мразовци… Секогаш некоја нова идеја, нова радост. Една е мајка и нејзината еуфорична радост. А јас од празниците и украсите најмногу ја сакам таа нејзина енергија. Тоа се тие спомени што се создаваат еднаш, а се отпакуваат секоја година одново. Среќни празници!

(Во некоја наредна прилика ќе имате можност сликовито да ја разгледате нејзината уметност)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s