На крајот на денот…

Ги пакувам куферите и од оваа година што е пред својот крај. Превртувам по старите спомени и сеуште не знам што е вредно да понесам со себе. А тоа натежнува. И тебе те прематкувам, те внатре, те надвор… Знам дека треба да те оставам во оваа старава 13 – ка како убаво сеќавање…Но, не можам… Не сакам. Зашто секогаш можеме подобро. Но, не секогаш го одбираме тоа што го можеме, туку тоа што го сакаме! Секој со својот избор. А јас тебе те сакам и за наредната, 14ка… Не знам дали заслужуваш… Некогаш, сакам да те гушнам толку силно и да заборавам на се`…но веќе следниот момент знам дека ќе зажалам… Такви се прегратките со тебе. Еднаш ги подаруваш искрено, за милион пати отпосле да зажалам. Ретко искрени, завиткани во милион обвивки, осамени во тивките ноќи кои ги делевме на неколку парчиња среќа. Да има за сите. За нас… за нас остануваше сосема малце… И од тоа малце успевав да го извадам максимумот, за да им се израдувам… Зашто годините се само бројка и луѓето се ценат според срцето… А ти… ти повторно ќе се свртеше и ќе заминеше во оној другиот свет… Како ветер ќе исчезнеше во маглата… И повторно не те познавам. И повторно не ме познаваш. Странци. Странци кои се љубат на заминување меѓу два света… И повторно… на крајот од денот… немаш кого да гушнеш…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s