Дожд…

Ми треба дожд. Силен дожд. Дожд кој ти ја плакне душата. Кој ти ги измива солзите. А сосема тивок, ти ѕвони… одѕвонува на усните. Ти капе. Ти ја свлекува кожата, како танцот на некои ноти… Онака, природно, кога ти доаѓа нагон да се соголиш пред некого. Како кога љубуваш… допираш погледи. Ги ловиш…им се насмевнуваш, заводливо. Срамежливо. Невино. Ѓаволесто наивно. Дожд, како туш кој ти полева мокра вода по распуканите делови од кожата. Те скокотка и гали истовремено. Воздивнуваш. Те плакне одвнатре. Те исполнува. Чисто ти е. Собираш сила за нови чекори. Ти ги плакне и мислите, ти ги избиструва погледите на светот… А тој исплетен во милион шарени бои, одново добива нова смисла. Нова димензија. Создаваш универзум од растрперени клетки, светулки. Погали ги. Почуствувај ги. Живеј ги. Зашто дождовите, како и луѓето се уникатни, секој за себе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s