Роди се повторно!

Колку воздишки тежи новото раѓање.

Колку животи се трошат да се пронајдеш себе си во другиот.

И дали другиот е вистинскиот одраз на тебето.

(Формата на изразот е најмалку битна во моментов. Кој сфатил, сфатил.)

Колку деца умираат додека навистина пораснеш.

Колку пати се погребуваш себе си при секоја смрт на срцето.

Колку пати си велиш… овој пат ќе биде поразлично!

И повторно, умираш за туѓи бакнежи.

За туѓи срцебиења во твоето.

За искра во очите на другиот, што те носи во душата.

И тишините болат исто толку колку и одбивањата.

Само интеракцијата е појасна.

Колку тишини премолчуваш само да ја продолжиш агонијата.

Колку свеќи ти догоруваат на плеќите, додека пуштиш крик.

Извикај!

Удри силно по животот!

Возврати му го ударот!

Доволно трпеше,

доволно молчешкум траеше во себе,

за да не ги боли другите!

Другите твојата болка најмалку ги боли.

Твоите резби се исклучиво твое дело, твое минато.

Минато кое те формира, но не и дефинира!

Колку воздишки и да тежи новото раѓање,

роди се повторно!

Во себе,

во душата,

за себе.

И онака овој живот е само една форма на постоење!

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s