Допри ме! Љуби ме!

Инспирацијата создава уметност… Некој треба да го отслика емоциите што ги носиме во себе, а некој треба и да ги препознае… Зашто сите очи не гледаат исто… Ти благодарам Дејан Бошковски за прекрасната фотографија…

 

Допри ме!
Спаси ме!
Земи ме!
Секој последен здив,
во твојот допир значи надеж!
Не предавај се,
не предавај ме,
земи ме!
Љуби ме!
Изгуби ме во себе,
да се најдам во тебе,
меѓу две воздишки,
нишки,
меѓу овој и тој живот,
меѓу овој и тој свет,
помеѓу премрежјето
на космичката раскрсница,
меѓу нас.
Секој последен здив,
во твојот допир значи живот!
Допри ме!
Почуствувај ме, како
студенилото од дланкиве
се пркоси со жаркоста на ноктите
со кои ги го гребам лицето,
па ти се кријам
и сокривам
под прстите.
Спаси ме!
Спаси ме од себе,
од онаа страст која
колку што гори
толку и пеплосува.
Пепел,
распослан низ временски
догорувања…
Допри ме!
Не плаши се…
Секој последен здив,
во твојот допир значи вечност!
Љуби ме!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s