Те молам слушни го тоа што не го кажувам – Charles C. Finn

Немој да те излаже изразот на моето лице
затоа што носам маска, илјада маски,
маски кои се плашам да ги тргнам,
а ниедна од нив не сум јас.
За глумење сум вистински мајстор,
но немој да се залажуваш.
Во име Божјо, немој да се залажуваш.
Се преправам дека сум сигурен,
дека сé е мед и млеко кај мене
и околу мене.
се преправам дека името ми е самоувереност,
а смиреноста мојата игра,
дека сé е мирно и дека над сé имам контрола
и дека никој не ми треба.
Но, не ми верувајте.
Можеби ти изгледам смирено,
но мојата смиреност е маска
секогаш променлива и таа ме крие.
Под неа нема спокој.
Под неа се крие конфузност, страв и осаменост.
Но, јас тоа го прикривам,
Не сакам никој да знае.
Ме фаќа паника при помислата на мојата слабост
и тоа што таа ќе ме открие.
Затоа френетично создавам маска да се сокријам позади неа
ноншалантно, софистицирана фасада,
да ми помогне да се преправам,
да ме заштити од погледот кој сето ова го знае.
Ама баш таквиот поглед е моето спасение.
Мојата единствена надеж и јас тоа го знам.
Секако, ако позади тој поглед следи прифаќање.
Ако следи љубов.
Тоа е единствената работа која може да ме ослободи од мене самиот,
од затворот кој сам го соѕидав,
од препреките кои сам толку болно ги подигнувам.
Тоа е единственото нешто што ќе ме увери во она во кое што не можам да се уверам и сам себе,
дека навистина нешто вредам.
Ама јас ова тебе не ти го кажувам. Немам храброст. Се плашам.
Се плашам дека позади твојот поглед нема да следи прифаќање,
дека нема да следи љубов.
Се плашам дека помалку ќе ме цениш, дека ќе ме исмеваш,
а твоето исмевање би ме убило.
Се плашам дека длабоко некаде не сум ништо, дека не вредам
и дека тоа ти ќе го видиш и ќе ме одбиеш.
Затоа ја играм својата игра, својата очајна игра на преправање
со сигурна фасада однадвор
и уплашено дете внатре.
Така започнува светликава, но празна парада на маски,
а мојот живот станува фронт.
Спокојно разговарам со тебе со учтив тон на површен разговор.
Ти кажувам сé, а всушност ништо
и ништо од она што е сé
и што плаче во мене.
Затоа кога зборувам рутински
нека не те залажува тоа што го кажувам.
Те молам внимателно слушај и обиди се да го слушнеш она што не го кажувам.
Она што би сакал да можев да го кажам,
она што заради преживувањето морам да го кажам,
но она што да го кажам не можам.
Не сакам ништо да кријам,
не сакам да играм вештачки и лажни игри,
сакам да прекинам со игрите.
Сакам да бидам искрен и спонтан за да бидам јас,
но мораш да ми помогнеш.
Мораш да ми подадеш рака
дури и тогаш кога наизглед тоа е последното нешто што го сакам.
Само ти можеш од моите очи да го отстраниш празниот поглед на жив мртовец.
Само ти можеш да ме вратиш во живот.
Секој пат кога си љубезен, нежен и кога ме охрабруваш,
секој пат кога се обидуваш да ме разбереш затоа што навистина се грижиш,
моето срце добива крила,
многу мали крила,
многу слаби крила,
но крила!
Со својата моќ да ме оживееш можеш да вдахнеш живот во мене.
Сакам тоа да го знаеш.
Дакам да знаеш колку си ми важен,
како може да бидеш создавач – до Бога праведен создавач – на мојата личност
ако така избереш.
Само ти можеш да ги срушиш ѕидовите позади кои треперам,
само ти можеш да ги тргнеш сите мои маски,
само ти можеш да ме ослободиш од сенишниот свет на паникаи несигурност,
од мојот осамен затвор
ако така одлучиш.
Те молам одлучи се. Не одбегнувај ме.
Нема да ти биде лесно.
Долготрајното верување во безвредност гради силни ѕидови.
Колку поблиску ми пријдеш
толку непредвидливо можам да возвратам.
Тоа е неразумно, но спротивно на тоа што за човекот го велат во книгите,
јас често сум неразумен.
Се борам против оние работи за кои сонувам.
Но, ми рекоа дека љубовта е појака од силните ѕидови
и тука ја почивам сета моја надеж.
Те молам обиди се да ги победиш ѕидовите
со цврстите дланки
затоа што детето е многу чувствително.
Можеби се прашуваш, кој сум?
Јас сум оној што го познаваш многу добро.
Јас сум секој човек на кој ќе наидеш
и јас сум секоја жена на која ќе наидеш.

 

Превод од Српски јазик: Бежовска Сања

 

Photo by: Daria Enderson

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s