Прости ми што те сакав

Прости ми што те сакав,
што бев предобра за твојот мал ограничен свет.
Tолку се твоите можности,
толкава е твојата способност да ги рашириш крилата.
Леташ ниско и површно,
љубиш колку да се каже дека
некоја ти ги бакнува усните,
колку да си го разбрануваш секојдневието.
Прости ми што те сакав,
колку за себе, толку и за сите останати.
И што се трудев да ти измамам насмев на лицето
додека облаци ти пловеа во морето.
Прости што те сакав,
и во тебе ги гледав сите оние доблести и способности
за кои ти сам не веруваше дека ги поседуваш,
се` додека другите не ти ги потврдија моите зборови.
(Не те обвинувам, и јас ја носам истата недоверба кон себе.)
Прости ми…
Прости ми што скришум ти крадев погледи и допири
кога се враќавме секој кон својот дом.
Прости за страсното прпелање прсти низ твојата коса
додека уживав во музиката и миговите со тебе.
Прости што на пати бев груба,
но јас и така љубам,
ја љубам страста и и` се предавам,
не се плашам дека за кратко ќе исчезне,
и верувам,
ти верував дека ќе потрае.
Имавме исти погледи за музиката,
јас сум родена пред твоето време,
па прости ми што некогаш изгледаше како да сакам да ти удоволам,
а всушност не се ни потрудив кој знае колку да ти се допаднам.
Прости ми, ти се допаднав токму јас во себето
па затоа и те заљубив…

Во двојбата со себе, те одбрав тебе…

* * *

Прости ми што те сакав, нема да ми се повтори повеќе…

Photo by: Daria Enderson

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s