Еден ден можеби…

Еден ден ќе те чекам да се вратиш.
Ќе те чекам иако чекањето ја убива надежта секојдневно
и постојано од ден на ден ќе исчезнуваш.
Ќе исчезнува и одѕвонувањето на твоите последни зборови:
„Не чекај ме, ја не се враќам! Таму каде еднаш згазив цвет,
повеќе враќање нема…“

Ќе те чекам да се вратиш следните две зими.
Првата студенилото и снеговите сеуште ќе ме сеќаваат на тебе,
втората помалку ќе чувствувам омраза кон времето
кое неопходно минува…

Можеби ќе те чекам да се вратиш на лето…
кога и рибите пливаат слободно во водата,
онака како што се љубевме под отворено небо.

Можеби сеуште ќе те чекам во октомври
да ми донесеш од твоите јаготки,
па зашеќерени да ми ги милуваш усните…

И повторно ќе дојде зима – трета,
симболично убава со стари мириси на изгниени листови,
а јас можеби сеуште ќе те чекам….

И кокичињата ќе ја најават пролетта
и лалињата ќе зацрвенат,
а јас можеби сеуште ќе те ќе чекам да ме испратиш
со насмевка в зори топлејќи ме со своето тело…

Ќе помине и април и првите излети ви мај,
а јас сеуште ќе го чекам странецот во мојот живот
зашто можеби не ќе те познавам.

И ќе пешачам по старата калдрма и мермерни плочи низ чаршијата,
трагајќи по нашите познати мириси
и можеби сеуште ќе се надевам дека те чекам…

Ноември ќе отчука на часовникот и ќе рече:
„Се сеќаваш ли дека тука се сретнавте?“,
а јас можеби и тогаш ќе те чекам да се сетиш дека
ниеден почеток не е лесен…

Не беше лесно да се верува ни во јануари,
кога срцата ни чукаа во други тактови
и љубевме други себе во нас…

Еден ден можеби сеуште ќе те чекам без надеж да се вратиш…
зашто сите се враќаат да ги довршат своите недовршени нешта…

 

 

Photo by: Daria Endersen

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s