Едно убаво време кога сите почетоци го означија крајот.

Времињата се само периоди на минувања и траења од една воздишка до друга. Така се дише во меѓувреме. Време. Невреме. Време, елипсовидни Сизифови тркалања, невреме, пак време. Тоа ни е кругот на животот и по некој момент скинат како облаче од небото. Наречи го љубов.
Имаше едно убаво време кога сите нови почетоци го означија крајот. Сите краеви со свои почетоци. И сите почетоци со свои краеви. Скинавме премногу облаци од небото.
Се родив на еден крај и еден почеток. Повторно заживеав, но со сомнеж за траењето од една воздишка до друга. Не бев далеку од крајот. Сите први и последни воздишки исто мирисаат. На завршеток. Дел останаа вистински, дел продолжија да бидат тоа што се. Создадени илузии. Но, илузиите траат доволно кратко. Kако пукнатина во огледало кое се распрснува и ти ги засекува нервните завршетоци на прстите при обид да ги кренеш од земјата. „Не можете да им помогнете на оние кои ни сами не сакаат да си помогнат“. Затоа и илузиите остануваат заробени, избледнети сеќавања. Убавото време донесе невреме. Невремето го истркала секој по својот пат, кон своето време. Донесе осаменост… Но, осаменоста те учи како да живееш без луѓе. И онака почетокот на крајот го чека секој од нас, некој порано…некој подоцна. Смртта е слобода за душата, но дотогаш…. Време. Невреме. Време, елипсовидни Сизифови тркалања, невреме, пак време. Тоа ни е кругот на животот и по некој момент скинат како облаче од небото. Наречи го љубов.
A jaс… Јас пак ќе најдам сила за нови почетоци, зашто никогаш не научив да се откажам.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s