Тебе

Тебе нема да ти пишувам песни
тебе ќе ти молкувам
ти така повеќе сакаш
сакаш да одиш против себе
не ти замерувам
зашто тоа најдобро го правам
целиот мој живот
Само едно нешто ќе речам,
а после времиња и невремиња ќе се сетиш:
заморно е…
заморно е да им угодуваш
на луѓето и општеството…
Најубавите тишини тебе ќе ти ги раскажам
најубавите молчења тебе ќе ти ги подарам
само ќе те сослушам
раскажи си, расприкажи си
за се’ што ти лежи на срцето…
Јас така одбирам,
тебе да те сакам на сопствена одговорност
без оглед колку ќе боли
секој збор – нож распаран низ гради…
Тебе нема да ти пишувам песни
тебе ќе ти молкувам,
тебе те сакам на сопствена одговорност,
јас така одбирам…
Неискажано,
зашто чуствата носат одговорност,
затоа многумина одлучуваат да живеат без нив.
од неа те ослободувам,
летај слободно,
живеј.
Тебе нема да ти пишувам песни
тебе ќе ти молкувам.

untitled-iii

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s