Од зад грб…

Ме праша: Какво е тоа чувство

„тој е за мене мртов, не постои“?

 

Тоа е она чувство

кое го тлееш во градите,

го распламтуваш до усвитување,

ОГАН те гори,

уживаш и наеднаш умираш.

Умираш од куршумот испукан од зад грб

на оној чие лице го љубиш,

чии очи ги бакнуваш,

чиј воздив го дишеш.

Тоа ти е она чувство кое некогаш

го нарекуваш љубов,

а ти останува само пепел на усните.

Се рониш,

распаѓаш,

посакуваш спас и од самиот себе,

а знаеш дека ниедна солза нема да направи езеро.

Знаеш дека и да посегнеш по себе

тоа не е чекорот кој ќе ти го олесни постоењето.

И се преживуваш,

и се преџвакуваш

по илјада пати дневно низ мислите…

Тутканици.

Чувства.

Тело.

згужвано во обид за себе гуш,

а себе недостижно зашто припаѓа некому.

Заробено во времето

и просторот слобода,

Со едно скршено крило не се лета.

Имаш само неуспешни обиди за чекорење.

Робуваш на љубовта

зашто знаеш што даваш,

што можеш,

колку можеш да поднесеш…

(„Зашто господ одредил кој колку тежина во душата може да понесе“)

па се носиш гордо

и со себе и со него,

и со сите без да потклекнеш,

без да се пожалиш,

зашто ништо не гледаш…

Не приметуваш како при секое заминување

тој го вади ножот

и полека кукавички

ти се приближува од зад грб…

Те повредува.

Ти резба длабоко по душата,

ти резба длабоко по срцето,

ти резба…

круговидн,

концентрични,

кругови

НИШТО.

Ти дише низ порите колку да преживее,

ти се провлекува низ кожата како крлеж глумејќи ти среќа…

И можеби во еден миг навистина чувствува среќа, чувствува љубов…

Кон себе.

Зашто не знае да се носи со тебе,

зашто еднаш те подига,

друг пат те гази,

па лази и ползи кон новото утро бегајќи од …

Ќе премолчиме,

ќе помолчиме и овој пат,

ќе молчиме…

Тишина.

И така живееш за другиот,

ти го цица животот од усните,

секој бакнеж.

Копаш по себе си

да најдеш објаснувања

за сите обидувања

кои бледнеат во воздухот…

Обидувања во обид

„можев да ти бидам се`, можеше да ми бидеш љубов“

и повторно неприфаќање,

повторно недоволен 1.

И животот со причина ти ја лупа вратата,

а ти си заминуваш со ножот впиен од зади,

не сфаќајќи колку среќа те чека зад следниот свиок,

зашто душата ти е заробена…

Си робуваш така талкајќи,

со последни сили…

Крик болка.

Крв.

Насекаде крв.

Растечена по тебе,

во грч од болка се вртиш последен пат,

кога зад тебе…

Умираш од куршумот испукан од зад грб,

на оној чие лице го љубиш,

чии очи ги бакнуваш,

чиј воздив го дишеш.

* * *

А тој…

Тој повторно ќе се врати,

зашто сите се враќаат да ги довршат своите недовршени нешта…

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s