Монолози на празното време (4)

Не дозволувај ми да чекорам на местата каде што ги оставивме отисоците од нашите стапалки, не дозволувај ми….

Судбината и онака сама ќе ме однесе… Судбината сама ме носи. Сама ме враќа на местата кои одамна се трудам да ги заборавам…

Местата на кои чекорев низ жива кал, на местата кои ме проголтуваа од миг во миг…

Само убиецот и жртвата повторно се враќаат на местото на злосторството.

Едниот по возбудата која ја предизвикува свежата крв на пресечениот грклан…. другиот по спомените за својата прва и последна смрт…

Не дозволувај ми мирисот на јоргован да ме присетува на нешто што одамна беше, а впечатоци ќе има додека срцето не си го ископам со сопствените раце.

Ти не си мојот спас, ниту јас твојот.

Ти си моето прогонство. Проклетство. Помешани чувства со спомени. Поматена свесност со безсвесни сеќавања и познати предели.

Не дозволувај ми да чекорам на истите места, судбината сама ќе ме однесе.

Судбината има некој свој план за сите нас.

Сите нас имаме свој план за себе.

Некаде помеѓу, во некое подмножество ни се прекршуваат соништата…па се среќаваме.

И ќе живееме лажно искрени прегратки, нарекувајќи ги љубов. Ќе мислиш дека ти простувам за секое твое бегство, додека го колнам денот кога те сретнав… Додека плукам крв после првиот бакнеж… Ќе мислам и смислувам изговори, начини…а од далечина ќе ти го познаам чекорот…

Не дозволувај ми да чекорам на местата каде што чекорев низ жива кал, на местата кои ме проголтуваа од миг во миг. Јас не сум твојот спас, ниту ти мојот.

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s