Сите лица на смртта…

   (Еден ден сите наши зборови (за смртта) ќе се обвистинат.)

Си размислувал ли некогаш колку си мртов, а жив? Колку пати умираш пред навистина да го испуштиш последниот здив… Колку пати до сега се избори со себе, се победи и изгуби истовремено?! Се повлече себе во себе, заради себе. Заради некого. Заради општеството. Заради отстапувањето од она што некому е прифатливо.

Колку пати испушти здив и повторно се разбуди следното утро спремен да го прегрнеш светот? Колку пати… И колку пати ја погледна смртта в лице, со насмевка што значи живот!!

Некогаш сакам да си речам: Здивни, отпочини…но, продолжи. Живеј! И онака ништо не ќе постигнеш ако згаснеш. Одбери друг ден за згаснување, денес носи премногу борби и мостови што треба да се преминат. Не ги оставај нештата недовршени. Заврши се` што започна, па почини. Одпочини. Одздивни. Одмори.

Најлесно се убива човекот во душата, без притоа да се одговара за извршеното убиство. Зашто човекот иако мртов, сеуште живее. Ако душата му ја земеш на човека, ќе остане само празнина.

Празно тело.

Дух.

Талкач.

Мртви души.

Мртви тела.

Живи тела со мртви души.

Сивила.

Сеништа.

Ништа.

Кога човек физички убива човек, тогаш боли. Боли неколку мигови. Боли…но поминува. Згаснуваш целосно и… Остануваат само лица скршени од болка…и сеќавања…

Смртта одзема луѓе. Смртта одзема многу драги луѓе. Смртта е слобода, а слободата сама по себе е робство. Можеби оваа слобода е поинаква од сите останати… Не би можела ништо да речам, ниту да напишам…

Жалам за сите идеи, кои можеби нема да можам да ги споделам со светов…

Смртта ги има моите очи.

Photo by: Daria Endersern

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s