Explore Macedonia (1)

1 ден, 2 манастири, 17 колеги, 450 метри скали, 400 километри пат. Бројки. Лични достигнувања. Водоча и Велјуса. Едниот памук небо, другиот рајско зеленило. На час со еклери, чај, кафе, чоколадни бонбончиња и шеќерчиња. Камени ѕидови со фрески и историја впишана низ вековите. Единственост и вечност, без почеток и крај. Две монахињи чиј живот сведочи за она што некогаш било и она што ќе остане, љубо(в)морно сочувано во списите. Ракотворби со вткаена грижа, духовност и посветеност. Крштевки и детски плач. И двата подеднакво смирувачки, со поглед на природа која како сетилата да ти ги гали… Се заблагодаривме за пречекот, за гостопримството и се збогувавме со желба и ветување за повторно видување. Сончев припек и пат. Сега накај граница, онаму каде водата паѓа од високо. Неколку капки дожд, недоволно да не поколеба да се издигнеме по смоларските скалила. Дел од групата со брзина на светлината ни се изгуби од чекорот, дел ја оставивме во подножјето на ладовинка. Чекор. Да тргнеме или да се откажеме. Сепак чекор напред. Срце во петици, мислиш ќе излета низ гради додека студен воздух ти ја пара душата. А ја слушаш водата на водопадот и си велиш тука е близу тебе, на дофат на рака, а како да ти бега. Шушти. Ти ја разгорува желбата да го видиш, да го допреш. Здогледуваш удолници и си велиш, после на враќање ќе бидат угорница. Но, затоа имаш поддршка покрај себе заради која не се откажуваш до целта. А на целта колегите кои гласно те бодрат и се радуваат што успеа. Незаменливо чувство радост и возбуда ти блика низ вените, додека се обидуваш да си го смириш срцето. Смоларски водопад. Лично неоткажување. Доживување и отсликување спомени. Потоа толпата брзо тргна назад. Дел повторно се изгубија во чекорот напред, дел останавме како деца да се сликаме по патеките. Еден глас вчера ми рече: “Тој што не успеал, само прерано се откажал”. И во право е. Потполно. Времето како темпирано ги зачува своите капки за по нас. Ново Село, преку Еднокуќево повторно Струмица. Ручек, одмор, задоволни насмевки. Преговори за нови традиции, нови патувања и поглед на зеленило. Толку е прекрасно кога патуваш со колеги, како со пола фамилија. Зајдисонца за крај и сите нови почетоци.

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s